Францускиот џин блеска, Спарс никогаш немале ваков почеток на сезона (ВИДЕО)

Екипата на Сан Антонио Спарс ноќеска на домашен терен го победи Мајами со 107-101 и првпат во својата историја почна сезона со 5/0.

Повторно блескаше францускиот центар Виктор Вембанјама кој, откако го пропушти крајот на минатата сезона поради тромб, игра магично во овие десетина дена откако почна сезоната, а против Мајами постигна 27 поени, 18 скока, 6 асистенции, 5 блокади и 1 украдена топка. Со овој натпревар ја продолжи импресивната серија од барем една блокада која трае веќе 90 меча што е најдолга низа во историјата на НБА лигата. На четири одигра натпревари оваа сезона, Вембанјама има просек од 31 поен, 13,8 скока, 2,8 асистенции и индекс 40,9.

Сан Антонио досега три пати почнуваше сезона со 4/0, последен пат во 2017 година, но никогаш не отишле над тоа. Досегашните резултати, во првата цела сезона без Попович, се можеби најава дека оваа екипа ќе атакува и на шампионската титула оваа сезона.

Во тимот на Мајами, најдобар беше Бам Адебајо кој постигна 31 поен и 10 скока, додека Вигинс реализира 24 поени. Мора да се истакне дека гостите беа ослабени со неиграњето на Норманд Пауел, Тајлер Хиро, Каспарс Јакучионис и Никола Јовиќ.