Македонија ја скрши Јапонија на првиот контролен меч во Скопје

Македонската ракометна репрезентација триумфира против Јапонија со 29-27 во првата пријателска средба која се играше во Скопје.

Натпреварот беше од затворен тип, односно не беше достапен за публиката, па селекторите Кире Лазаров и Тони Херона имаа шанси да испробаат некои тактички замисли.

Вториот контролен дуел меѓу двете селекции се игра на 1 ноември во Куманово од 16 часот.