Шпанците открија што му викал Винисиус на Алонсо: Е*и се, си одам од овој тим (ВИДЕО)

Иако беше еден од најдобрите на вчерашното Ел Класико, Винисиус уништи се со своето однесување во моментите кога беше повлечен од игра во второто полувреме.

Бразилецот направи уште еден испад откако прво непристојно гестикулираше кон својот тренер, потоа викаше по него за на крајот лут да замине директно во соблекувална. Шпанците открија што викал Винисиус додека излегувал од теренот.

„Јас, Мистер, јас? Оди е*и се! Секогаш јас... Си одам од овој тим, си одам“, викал Бразилецот додека Чаби Алонсо само кратко возвратил: „Ајде, Вини, по ѓаволите“.

Крилниот играч по натпреварот се обиде да се извади со пост на социјалните мрежи, но се поголем е бројот и на навивачите и на легендите на Реал кои не можат повеќе да го поднесат.

фото: EPA photo