Дончиќ и Леброн не играа, па Ривс броеше до 51 (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја оствари втората победа во сезоната откако славеше на гостувањето кај Сакраменто со 127-120, во историското издание на Остин Ривс.

Во тимот ги немаше Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, но Ривс одигра фантастичен натпревар и се впиша меѓу легендите на клубот. Тој стана само четврти кошаркар во НБА во последните 40 години кој успеал на еден меч да постигне најмалку 50 поени, 11 скока и 9 асисстенции. На таа листа се уште Лука Дончиќ, Расел Вестбрук (два пати) и Џејмс Харден (два пати), а последниот играч на Лејкерс кој успеал да направи такво е нешто е Елџин Бејлор од 13 февруари 1963 година (50 поени, 15 скока, 11 асистенции).

Неколку часа пред мечот стана јасно дека Дончиќ нема да може да настапи поради повреда на прст на ногата, па со оглед на тоа што не игра ни Леброн, многумина веќе ги отпишаа Лејкерс. Сепак, одговорноста, како и многу пати минатата сезона кога не играа тие, ја презеде Ривс кој, меѓу другото, постигна исклучително важен кош на 32 секунди пред крајот за да ја заклучи победата на својот тим.

Зек Лавин со 32 поена беше најефикасен во тимот на Сакраменто каде уште петмина кошаркари имаа двоцифрен ефект. По три одиграни натпревари, Кингс имаат биланс од една победа и два пораза.

РЕЗУЛТАТИ
ЛА Клиперс - Портланд 114-107
Сакраменто - ЛА Лејкерс 120-127
Далас - Торонто 139-129
Минесота - Индијана 114-110
Кливленд - Милвоки 118-113
Мајами - Њујорк 115-107
Вашингтон - Шарлот 113-139
Детроит - Бостон 119-113
Сан Антонио - Бруклин 118-107