Шкупи верува во победа над Башкими, Тиквеш очекува три бода против Арсими
Шкупи кој е закован на дното од табелата со само еден бод, верува дека може да се врати непоразен од гостувањето кај Башкими кој е на одличното петто место на табелата.
Крилниот напаѓач на Шкупи, Ардит Дестани дури и верува во победа во Куманово.
„Се одморивме, но и максимално се подготвивме за овој натпревар. Башкими е сериозен противник, тим кој иако се врати Првата лига, покажа дека е опасен и игра на високо ниво. Работевме напорно и одиме во Куманово со јасна цел да забележиме позитивен резултат. Башкими има голема поддршка од трибините, но за нас е позитивно и тоа што ќе играме на добар и погоден терен за нашата игра. Се надеваме дека нема да има грешки или пропусти, и на крајот ќе победи најдобриот. Ќе дадеме сè, ќе се бориме до крај – затоа што веруваме во нашата работа, во нашиот тим и во нашата победа“, рече Ардит Дестани.
За напаѓачот на Башкими, Емануел Аворнио ова ќе биде посебен меч. Тој претходно го носеше дресот токму на Шкупи.
„Откако бевме елиминирани од Купот на Македонија, чувството не беше добро за мене и за тимот, бидејќи сакавме победа и пласман во следната рунда, но за жал загубивме, што е дел од фудбалот. Играњето против тим како Шкупи нема да биде лесна задача, но верувам дека со квалитетните играчи што ги имаме и со поддршката од навивачите, ќе ги освоиме максималните 3 бода. Тие ни требаат и тоа ќе ни помогне да се вратиме на победничкиот пат во првенството. Чувството е добро, а ова ми е првпат да играм против тим во кој сум играл претходно. Се чувствувам добро и подготвен за натпреварот против Шкупи“, рече Аворнио.
Натпреварот меѓу Башкими и Шкупи како и оној меѓу Тиквеш и Арсими се играат со почеток од 14:30 часот.
ПМФЛ 10. коло:
Петок
Башкими – Шкупи
Тиквеш – Арсими
Сабота
Работнички – Македонија ЃП
Струга – Брера
Недела
Силекс – Пелистер
Понеделник
Шкендија – Вардар