Беќири: Жалам што игравме на ваков терен, среќата ги следи храбрите
По натпреварот тренерот на тетовскиот состав, Јетон Беќири изрази задоволство од освоените бодови, но и потенцираше дека истите се важни за рејтингот на македонскиот фудбал во Европа.
„Секако дека сме задоволни, ние со скромни амбиции почнавме во Европа, па сакам така и да продолжиме. Бодовите во Европа се многу важни, затоа што одат во корист и на целата лига. Сепак, треба кажеме дека оваа Шкендија не е најдобрата и се надевам дека во наредните натпревари ќе одиграме подобро за да дојдеме и до нови бодови. Среќата ги следи храбрите, се согласувам дека денеска беше наша страна, но ние работиме секојдневно, па и ја заслуживме таа среќа. Тоа што ние победуваме и кога не сме на 100% од нашите можности покажува дека сме квалитетна екипа. Игравме против квалитетна екипа која ја победи и Риека, одиграа реми со Хакен, па така не треба да се мисли дека тука играме со слаби екипи, лесни бодови тука нема“, изјави предводникот н Шкендија.
Стратегот на Шкендија се пожали и на состојбата на теренот на арената.
„Навистина ми е жал што во овој момент состојбата на теренот беше лоша, па моравме да играме на таков терен“, додаде Беќири“
Во следниот натпревар Шкендија повторно игра Скопје и тоа против Јагелонија на 6 ноември.