Шкендија слави историска победа во Конференциската лига (ФОТО)

Македонскиот шампион Шкендија триумфира против Шелбурн со 1-0 во второто коло од Конференциската лига, а тоа е прва победа за тетовци во главниот дел од натпреварувањето на УЕФА.

Патрик Берет си постигна автогол во 92. минута од судиското надополнување и тоа беше доволно за голема радост на тимот од Тетово.