АЕК со шест гола го распарчи Абердин, Фиорентина подобра од Рапид
АЕК постигна по три голови во двете полувремиња. Во првите 45 минути во листата на стрелци два пати се запиша Коита, а еднаш стрелаше Елиасон, додека во вториот дел погодија Марин, Јовиќ и Кутеса за конечни 6-0.
Фиорентина го скрши отпорот на Рапид по девет минути игра, кога Ендур погоди за 1-0, а на самиот старт на второто полувреме стрелаше и Џеко за предност од 2-0.
Победата за гостите од Фиренца ја потврди Гудмундсон во 88. минута кога ја затресе мрежата на Рапид за 3-0.
Останати резултати:
АЗ АЛкмар – Слован Братислава 1-0
Бреидаблик – Купс 0-0
Дрига – Омонија 1-1
Хакен – Рајо Ваљекано 2-2
Шахтер – Легија 1-2
Шкендија – Шелбурн 1-0
Стразбур – Јагелонија 1-1
Фото: AEK FC / ΠΑΕ ΑΕΚ