Денес е ѕвезда на Манчестер сити, а можел да стане и - кошаркар!

Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол пред две години пристигна во Манчестер сити каде што се наметна како еден од столбовите во тимот на Гвардиола, но малку недостасувало да тргне во поинаков правец.

Во својата последна изјава за „Би-Би-Си Спорт“, Гвардиол призна дека кога имал 16 години бил блиску да го остави фудбалот и да продолжи да игра кошарка.

„Размислував да прекинам со фудбалот бидејќи навистина сакав и кошарка  Не бев сигурен дали сакам да продолжам и во тоа време не се чувствував премногу среќно на тренинзите. Барав други опции за да се чувствувам посреќно, а токму таквото чувство го пронаоѓав кога играв со другарите кошарка“, изјави Гвардиол.

Но, на крајот сепак одлучил да остане во фудбалот и очигледно не погреши затоа што стана еден од најдобрите во светот на својата позиција.

Во две сезони за Манчестер сити веќе одигра 104 натпревари во сите натпреварувања во кои постигна  11 голови што е одлична бројка за еден дефнзивец.

Фото: EPA