
Маркес не се враќа на патеките, предвреме ја заврши сезоната
Маркес се повреди во трката за Големата награда на Индонезија кога во еден дуел беше исфрлен од Марко Бецеки. Во таа ситуација, Шпанецот се здоби со скршеница на клучната коска и ги повреди лигаментите.
Само една недела пред инцидентот, Маркес ја обезбеди својата деветта титула светски шампион, прва по шест години пауза.
Лекарските прегледи кои ги направи во Мадрид потврдиле дека ќе биде принуден да ги пропушти последните две трки во Потимау и Валенсија, како и тестирањата за новата сезона кои се закажани за 18 ноември, две недели по последната трка.