Инфантино згрозен: Навивачи расплакале детенце со ужасни навреди!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е згрозен од инцидентот кој се случи на натпревар помеѓу екипи до 12 години во бразилскиот град, Сао Паоло.

Станува збор за инцидент кој се случи на 19 октомври и во кој 12-годишно дете беше расистички навредувано во текот на натпреварот.

Детето пријави дека било расистички навредувано со коментари дека „црнец без семејство“, како и други ужасни навреди. 

Навредите толку го погодија детенцето што седна на теренот и почна да плаче, а потоа го напушти натпреварот и замина во соблекувалната.

„Згрозен сум од тоа што се случи на детенцето од 12 години од тимот на Академија Депортиво, беше изложено на расистички навреди од навивачите во текот на натпревар од детското првенство“; објави Инфантино.

Во продолжение Инфантино и нагласи дека ќе направи се за да го исфрли расизмот од спортските терени.