
Трагедија во Бразил: Загина млад фудбалер – со мотоцикл удрил во крава (ВИДЕО)
Несреќата се случила во сојузната држава Пјауи, во текот на ноќта. Според локалните медиуми, кравите слободно шетале по коловозот во моментот кога Илaно минувал со моторот, по што дошло до директен судир. Младиот спортист починал на самото место, пред да пристигне итната помош.
Сцената на трагедијата е забележана од безбедносни камери, а снимката кружи на социјалните мрежи. Видеото содржи вознемирувачка содржина.