
РФМ прва од сите ќе ги прогласи најдобрите за 2025 година!
Настанот е закажан за 1 ноември (сабота) и во него ќе се истакнат најдобрите од ракометната сцена. На настанот покрај спортскиот дел, планирана е и музичка програма за забава на сите присутни.
Најавено е присуство и на гости од од јавниот живот, исто така и изненадувања. Ќе потсетиме изминатата сезона која имаше драматична завршница титулата ја освои тимот на Пелистер, а клучната победа ја оствари во финишот од сезоната против Вардар во Скопје.
Терминот за почетокот на спектаклот е 20:00 часот.