
Инвестицијата се исплатеше: Мароко вложи 65 милиони долари и создаде генерација на фудбалски ѕвезди
Со напорна работа и паметна инвестиција Мароко создаде генерација на фудбалски ѕвезди, кои успеаја да постигнат неколку важни успеси во претходните три години во светот на фудбалот.
Мароко успеа да стигне до полуфиналето на минатото Светско првенство (СП), кое се одигра во 2022 година, а две години подоцна го освои бронзениот медал на Олимписките игри.
Уште еден доказ дека земјата има светла фудбалска иднина се успесите на младите фудбалски таленти во 2025 година, откако репрезентацијата до 17 години го освои Африканскиот куп на Нации, додека селекцијата до 20 години стана светски шампион.
Фото: Équipe du Maroc