
Војната во Шпанија достигнува кулминација: Реал ја пријави Ла Лига поради Барса и Виљареал
Реал испрати официјално писмо до оваа институција во кое го изразува своето незадоволство поради закажаниот натпревар меѓу Виљареал и Барселона во Мајами во декември, сметајќи дека тоа „го фалсификува натпреварувањето“. По добивањето на известувањето од Реал Мадрид, CSD побара детални информации од Фудбалската федерација на Шпанија во врска со аргументите што ја поддржуваат одлуката на Ла Лига да го закаже натпреварот во Мајами. Федерацијата, од своја страна, одговори со барање за пристап до писмената изјава на клубот со цел да даде соодветен одговор.
Размената на документи ја одразува институционалната сложеност на случајот, каде што четири организации - Ла Лига, Фудбалската федерација, Асоцијацијата на професионални фудбалери и CSD - се во конфликт едни со други, со спротивставени интереси, влошени од самиот почеток поради противењето на клубовите.
Интересно е тоа што пријавата на Реал доаѓа непосредно пред првото Ел Класико сезонава со што само ќе се вжешти атмосферата во шпанскиот фудбал воопшто.