Нотингем Форест го доби третиот менаџер оваа сезона

Три дена откако му додели отказ на Анге Постекоглу, поранешниот европски шампион Нотингем Форест го назначи неговиот наследник кој треба да ја екипата од зоната за испаѓање.

Честа да го води тимот ја доби искусниот англиски стручњак Шон Дајч кој беше без ангажман откако во јануари годинава доби отказ од Евертон. Најголемите успеси во кариерата тој, сепак, ги оствари со Барнли кого го водеше една деценија и со кого два пати обезбеди пласман во Премиер лигата.

Интересно е тоа што Дајч потекнува од академијата и ја почна играчката кариера токму во Нотингем Форест, во 1989 година, но поради повреда пред почетокот на таа сезона, воопшто не заигра и не запиша настап на официјален натпревар. Подоцна играше за Честерфилд, Бристол, Лутон, Милвол, Ватфорд и Нортемптон, а по 35 години се враќа на Сити Граунд во Нотингем.

Заедно со Дајч, доаѓаат и неговите помошници Ајан Воан и Стив Стоун, исто така поранешни фудбалери на Нотингем Форест. Дајч е трет менаџер на „шумарите“ оваа сезона која ја почна Нуно Еспирито Санто, а потоа беше назначен Постекоглу. Своето деби Дајч ќе го забележи в четврток на дуелот против Порто во рамките на Лигата Европа.