Трагедија на Островот: Загина синот на големата англиска легенда - паднал од трактор!

Трагична вест пристигнува од Островот каде што животот го загубил синот на легендарниот Стјуарт Пирс.

Харли Пирс како што пренесуваат медиумите загинал по пад од трактор. Несреќата која била кобна за 21-годишниот Харли се случила на селски пат во близина на нивниот дом во Вилтшир. Според првичните информации причина за несреќата е пукање на гума по што тракторот излетал надвор од патот, а повредите биле фатални за синот на поранешниот фудбалер.

Оваа трагедија за медиумите во Англија беше и причина да потсетат дека неговиот татко за влакно избегна смрт во 1998 година кога со автомобил налетал на превртен камион и остана без кровот на возилото.

Инаку, се наведува и дека Харли Пирс се занимавал со земјоделство и раководел со фирма која го носела името, „Harley Pearce Agricultural Services“.

Фото: EPA