
Луда математика: Ферстапен дозна како да го „зезне“ Мекларен и пак да стане шампион!
Четирикратниот и актуелен светски првак моментално се наоѓа на третото место во генералниот пласман со 306 бодови, 40 помалку од лидерот Оскар Пиастри, пред последните пет трки од сезоната 2025. Прашањето е дали Холанѓанецот може да ја надомести оваа разлика во завршницата, во која ќе има и два спринта што е можност за дополнителни поени.
Според математиката, дури и ако Ферстапен ги освои сите можни бодови (141) до крајот, титулата нема да биде негова доколку Пјастри ќе нема барем една или две послаби трки како оваа во Остин. Дури и доколку Австралиецот заврши втор на сите преостанати трки, а Верстапен победи, возачот на Мекларен би го задржал приматот со три бода предност – 451 спрема 448.
Сепак, формата на Пјастри во последните четири трки е причина за загриженост. Откако победи во Холандија, нема пласман неѓу двајцата најдобри и само еднаш се качи на подиум – како трет во Монца. Тоа му овозможи на Ферстапен да намали 64 бодови во серијата трки во Италија, Азербејџан, Сингапур и САД, каде што Австралиецот двапати остана без поени.
Првата нула Пиастри ја запиша во Баку по сопствена грешка во првиот круг, а следната во Остин, кога не го заврши спринтот по нов инцидент. Во главната трка на Големата награда на САД заврши петти, губејќи уште 23 бода од Ферстапен.
ФОТО: EPA PHOTO