Лацио потона на „Меаца“: Интер како лидер ќе го пречека Милан (ВИДЕО)

Интер славеше со 2-0 во дербито на 11. коло од Серија А против Лацио и се искачи на челната позиција на табелата, пред се поради подобрата гол-разлика во однос на Рома.

„Нераѕурите“ беа апсолутно подобри во дуелот со римскиот тим и заслужено ги освоија трите бода. Подобрата игра ја крунисаа со головите на Лаутаро Мартинез во третата и Бони во 62. минута, а имаа уште неколку шанси да слават уште поубедливо. Зјелински во 66. минута исто така ја затресе мрежата на Лацио, но неговиот гол беше поништен поради претходна игра со рака.

 

 

Претстои двонеделна пауза во италијанското првенство, а потоа Интер се среќава со градскиот ривал Милан на кој ќе биде во улога на домаќин. Со оглед на тоа што и „росонерите“ играат одлично сезонава и се на третото место со два бода заостанување, јасно е дека претстои фантастично миланско дерби.

 

Standings provided by Sofascore