
Се најде играч кој му ја плесна вистината во лице на Винисиус: Затоа те мрази целиот свет!
Каде и да гостува Винисиус добива лавина од свирежи поради недоличното однесување, а омилен е само кај фановите на Реал Мадрид.
Синоќа изнуди црвен картон од Алан Ниом по што го провоцираше тренерот на Хетафе велејќи му дека направил „добра“ замена, а имаше вербален дуел и со играчи на домашниот тим.
Фудбалерот Хуан Иглезиас му рекол на Винисиус за време на мечот: „Затоа те мрази целиот свет. Треба да учиш од своите соиграчи“, во тој момент Милитао и Мбапе се обидуваа да го смират нивниот соиграч.
Винисиус омразата кон него ја препишува на расизам, но веќе сите знаат дека бојата на кожата не е проблемот, туку едноставно неговото безобразно однесување.