Ужас: Убиен млад голман, го измамиле дека се менаџери од голем клуб!

Страшна трагедија го погоди Сенегал откако младиот голман, Чеик Туре беше убиен затоа што неговите родители не успеаа да соберат доволно пари да платат откуп на луѓето кои го киднапираа.

Младиот Туре кој имаше само 18 години сонуваше да се професионален голман, но неговиот пат за да ги оствари соништата заврши кобно. Имено, тој преку интернет добил понуда од наводни менаџери кои требале да го одведат на проба во поголем клуб за да потпише договор. Но, за жал Туре не разговарал со никакви менаџери, туку со криминалци.

Кога пристигнал на договореното место тој веднаш бил киднапиран, а на неговите родители им биле побарани пари за да го ослобдат. Кога не успеале тие го убиле тинејџерот. Голманот бил пронајден мртов во Гана, а сенегалските власти во соработка со колегите од Гана отворија и истрага за случајот.