
Вечерва може да биде комплетирана еден од најубавите бајки во модерниот фудбал!
Мјабли доаѓа од рибарското село Халевик на брегот на Балтичкото море и тоа е село од само 813 житеели. За бајката да биде вечерва комплетирана потребна им е победа на гостувањето кај Гeтеборг со што и математички би биле шампиони.
Но, дури и да не остврат победа, веројатно ќе стигнат до титулата во наредните натпревари бидејќи имаат четири „меч топки“, a потребни им се само уште два бода од тие натпревари.
⚽️ | MATCHDAG! 💛🖤
— Mjällby AIF (@MjallbyAIFs) October 20, 2025
🆚 @IFKGoteborg
🏟️ Gamla Ullevi
🗓️ Måndag 20 Oktober
🕖 19:10
📺 HBO Max
🎟️ SLUTSÅLT#MjällbyAIF #Allsvenskan2025 pic.twitter.com/XMaDqQ4f0e
Интересно е што тие веќе се запишани во Гинисовата книга на рекорди како екипа од најмало место која настапува во највисок ранг на натпреварување во еддна земја, па тоа е уште еден доказ каков успех за нив е освојување на титулата. Нивниот стадион кој е изграден во далечната 1953 година е со капацитет од 6.750 гледачи.
Годишниот буџет на оваа екипа е 7.7 милиони ева и за споредба тоа е само осмина од сумата која годишно ја троши еден Малме. Натпреварот против Гетеборг го играат од 19:10 часот.