
Италијанците во неверување: Со Модриќ и еден „обичен“ прекршок станува вест!
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска одигра сигурно во дефанзивата, но и одново воодушеви со неколку брилијантни додавања со кои собра аплаузи од трибините.
Меѓутоа по овој натпревар се појави и еден посебно неверојатен податок за Модриќ. Имено, во седмото коло или по цели 540 минути игра Модриќ го направи својот прв прекршок во Серија А.
„Дури и еден „обичен“ прекршок кога е во прашање Модриќ станува вест. Лука во првите шест кола беше пример на младите во сите работи. Не направи ниту еден, никаков прекршок 540 минути. За еден фудблер на неговата позиција тоа е шокантно“, пишува „Газета“.
Кога е табелата во прашање, Милан има 16 бода, еден повеќе од Рома, Наполи и Интер.