Ниом доби црвен картон за 37 секунди, па Винисиус го пецнал тренерот на Гетафе! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 1-0 победи на гостувањето кај Гетафе, а големи заслуги за тоа има фудбалерот на домаќините, Ниом кој успеа да добие црвен картон веднаш откако влезе во игра.

Резултатот беше 0-0, Ниом во игра влезе во 76. минута и по само 37 секунди направи фаул за црвен картон, Гетафе остана со играч помалку, а три минути подоцна Реал Мадрид преку Мбапе даде гол.

Тренерот Хозе Борделас откри дека Винисиус го исмевал.

„Вини дојде до мене и ми рече „добра замена“, откри Борделас.

Винисиус иронично го прокоментирал црвениот картон на Ниом кој беше како подарок за Реал Мадрид.