Хаос во Свети Николе: Пет црвени картони на мечот меѓу Овче Поле и Јехона (ВИДЕО)

Овче Поле славеше со 39-32 против Јехона на мечот во Свети Николе, но натпреварот е во центар на внимание затоа што биле доделени пет црвени картони во финишот од средбата.

Судиите најпрво му покажаа црвен картон на голманот Трпески од Јехона, а потоа истата судбина ја доживеа и Салиу поради трето исклучување.

По вербална пресметка со навивачите, црвени и сини картони беа доделени и на Мојсе Тасески и Стефан Маринкоски, а на крајот беше исклучен и Давид Ќиров.