Четири гола за Гринвуд, Марсеј со пресврт го реши Авр

Фудбалерите на Марсеј со пресврт го декласираа Авр со 6-2 во осмото коло од француската Лига 1.

Авр прв постигна гол во 24. минута, но потоа Лорис доби црвен картон по што почна катастрофата за гостите.

Гринвуд набрзо израмни на 1-1 од пенал, а потоа постигна уште три погодоци во серија за предност од 4-1 на Марсеј.

Тука не беше крајот бидејќи Марсеј преку Ваз зголеми на 5-1, во судиското надополнување беа постигнати уште по еден гол на двете страни. За гостите погоди Туре, додека Муриљо стрелаше за домаќинот.

Фото: Olympique de Marseille