Алмада го врати Атлетико на победнички патеки во Ла Лига

Атлетико Мадрид ја совлада Осасуна со 1-0 во осмото коло од шпанската Ла Лига и така им се врати на победничките патеки.

Баена погоди во деветтата минута, но голот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата, меѓутоа Алмада во 69. минута успеа да стрела и да ги постави конечните 1-0.

Атлетико е на четвртата позиција со 16 бодови, односно шест помалку од лидерот Барселона.

Фото: Atletico Madrid