Вардар го декласира Куманово за „осум од осум“ во Суперлигата

Македонскиот ракометен гигант Вардар ја продолжи одличната серија во Суперлигата, откако вечерва го декласира Куманово со 32-25 за осма победа во домашниот шампионат.

„Црвено-црните“ имаа негатива само на стартот (1-2), по што ја преземаа контролата и доминираа до крајот на првото полувреме (16-13).

Предноста на скопскиот гигант продолжи да расте во вториот дел (20-14), а како минуваше времето таа стануваше сè поголема. Куманово на крајот успеа да врзе неколку погодоци и да намали на 25-32.

Најефикасен во победничкиот состав беше Харуки Кавада со седум голови, додека Александар Стојков запиша седум погодоци за Куманово.