
Meнаџерите може да стравуваат: Во Англија завршен трансфер со Чат ГПТ!
Овој 28-годишен фудбалер летово се пресели од Лејтон Ориент во Екстер Сити, но сегаа се најде во центарот на вниманието поради начинот на кој бил завршен трансферот.
Имено, фудбалерот преку Чат ГПТ си ја проценил висината на платата и на тој начин ги водел преговорите.
Чат ГПТ дефинитивно е најдобриот менаџер кој сум го имал и ќе продолжам да го користам“, со насмевка прокоментирал Мичел за медиумите.
За ваквата услуга тој требало да плати само 20 фунти што е неспоредливо помалку од сумата која ќе требаше да ја издвои за вистински менаџер. Инаку, тој кариерата ја започна во Манчестеер јунајтед каде што настапуваше за У23 тимот, подоцна беше позајмен во Хартс, а во 2020 година направи трансфер во Блекпул, по што следеа уште неколку трансфери.