Падна договор: Еден од најдобрите фудбалери на Барселона потпиша до 2029 година!

Шпанскиот шампион Барселона конечно се договори со холандскиот репрезентативец Френки Де Јонг и потпиша договор до 2029 година.

Де Јонг е еден од најдобрите фудбалери на гигантот од „Камп Ноу“ и беше прашање на време кога ќе стави потпис на нова соработка.

„Дали некогаш помислив да заминам? Не. Од дете сонував да играм за Барселона. Го живеам мојот сон и сакам да трае уште многу години“, вели Де Јонг.

Фото: Facebook/FC Barcelona