Барселона ќе игра во специјални дресови во „Ел Класико“ (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона во дербито против Реал Мадрид ќе излезат во специјални дресови со лого на новиот албум на пејачот Ед Ширан.

Каталонскиот гигант соопшти дека на средината на дресот ќе биде испишано името на новиот албум на познатиот пејач.

„Горд сум што ќе го видам мојот нов албум на дресот на Барселона. Јас сум голем навивач на овој тим“, кажа Ед Ширан.

Фото: Facebook/FC Barcelona