
Шведска го избрка селекторот по срамниот пораз од Косово
Швеѓаните имаат катастрофални квалификации за Светското првенство (СП), па поради тоа фудбалскиот сојуз на државата донесе одлука да го промени стратегот.
„Одлуката која ја донесовме е последица на тоа што машката репрезентација не ги оствари резултатите на кои се надевавме“, соопштија од фудбалскиот сојуз.
Шведска по четири одиграни кола има освоено само еден бод, и тоа со ремито против Словенија, додека двапати загуби од Косово и еднаш од Швајцарија.