Скандал: Познат судија призна дека снимал непримерно видео со малолетник!

Поранешниот англиски судија Дејвид Кут, кој минатата година беше во центар на внимание за навредливо видео на сметка на Јирген Клоп, сега се соочува со уште потешки обвинувања.

Кут призна на суд дека направил непримерно видео со 15-годишно дете и тоа е тешко кривично дело за кое му се заканува затворска казна.

Според британскиот систем, Кут направил видео кое е еден вид на детска порнографија, а судот во Нотингем објави дека неговата „сексуална привлечност кон деца“ била откриена за време на интерна истрага на Фудбалскиот сојуз на Англија.

Во текот на истрагата биле прегледани телефони и лаптоп, каде што биле пронајдени загрижувачки разговори и тоа предизвика тежок скандал на Островот.

„Се изјаснивте за виновен за сериозно дело. Дали тоа значи затворска казна или не, ќе се реши кога ќе се соберат сите потребни податоци“, соопшти судијата.

Кут беше пуштен со кауција до следното рочиште кое ќе се одржи на 11 декември оваа година.

Англичанецот беше обвинет и дека намерно му покажал жолт картон на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски на меч на Лидс во 2019 година, по што ги отфрли тврдењата.

Фото: EPA