Алими по ремито со Казахстан: Ништо не е готово, уште е жив сонот за СП 2026

Македонскиот репрезентативец Исник Алими е разочаран од ремито против Казахстан во Скопје, меѓутоа смета дека сè уште е жив сонот за пласман на Светското првенство (СП) во 2026 година.

Алими посочи дека морале да одиграат подобро против Казахстан, иако се чувствувал заморот од тешкото гостување кај Белгија.

„Ние направивме сè што можевме. Бевме изморени од мечот со Белгија, но успеавме да создадеме многу шанси против Казахстан. Сепак, среќата не беше на наша страна, иако требаше уште повеќе да се потрудиме за да го добиеме натпреварот. Ништо не е изгубено, уште е жив сонот за СП 2026, имаме уште еден меч и треба да мислиме на него. Потоа ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека второто полувреме играме подобро. Во првиот дел требаше да одиграме со посилен пресинг и да се потрудиме повеќе за да го добиеме мечот“, вели Алими.

Македонија за пласман на втората позиција во групата ќе решава во последното коло против Велс на гостински терен.