
„Примивме несреќен гол, по кој успеавме да се вратиме, но потоа немавме сила за пресврт“
Костадинов посочи дека немале среќа во нападот, иако создадоа голем број на добри шанси да постигнат втор гол против гостинот.
„Ова беше тежок натпревар, не успеавме да постигнеме втор гол, иако имавме доволно шанси за такво нешто. Тежок терен со исцрпувачки ритам, до крај имаме уште еден натпревар. Мора да одиме максимално подготвени во Велс. Казахстан беше поагресивен од нас, беа поуспешни во дуелите, а некогаш тоа во фудбалот е доволно. Во второто полувреме сменивме формација, тргнавме офанзивно и имавме повеќе шанси, но за жал примивме еден несреќен гол. Потоа успеавме да се вратиме и да постигнеме гол за 1-1, но не искористивме шанси за целосен пресврт. „Мислам дека според шансите заслуживме да победиме. Знам дека беше тешко, Казахстан одигра добар натпревар, покажа дека е опасна репрезентација“, вели Костадинов.
Македонските фудбалери во последното коло гостуваат кај Велс и ќе се борат за второто место во групата, а со тоа и пласман во баражот за Мундијалот.