Билетите се распродадени: 30.000 навивачи ќе ја бодрат Македонија на Градски!

Голема еуфорија владее пред вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Казахстан, затоа што нашата репрезентација има голема шанса со победа да направи уште еден чекор напред кон пласман на Светското првенство (СП), иако не зависи сè од нас.

Интересот за натпреварот е огромен, а тоа го покажува и фактот дека сите билети за натпреварот се распродадени и се очекуваат 30.000 навивачи на трибините на градскиот стадион во Скопје.

Натпреварот меѓу Македонија и Казахстан се игра вечерва од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.