Капитенот на Арсенал во аут до ноември, ќе пропушти седум натпревари!

Арсенал се соочува со големи проблеми затоа што остана без услугите на капитенот Мартин Одегард, кого го чека долга пауза надвор од фудбалските терени поради повреда.

Норвежанецот има тешка повреда, поради која најпрво се шпекулираше дека ќе паузира само еден месец, но најновите информации покажуваат дека Одегард нема да се врати пред следната репрезентативна пауза во ноември.

Одегард во тој период ќе пропушти дури седум натпревари на „топчиите“, односно нема да настапи против Фулам, Атлетико Мадрид, Кристал Палас, Брајтон, Барнли, Славија Прага и Сандерленд.

Фото: Facebook/Arsenal FC