
Бизарно: Босански клуб ги обвини судиите за смртта на нивниот тренер – веднаш по мечот!
Според клубот, натпреварот започнал во спортска атмосфера, но на полувремето и по завршувањето на мечот дошло до тензии. Искра наведува дека дел од домашните навивачи вербално ги нападнале нивните играчи, а судиската двојка, како што се наведува, донел низа спорни одлуки што, според клубот, му наштетиле на гостинскиот тим. Тројца ракометари на Искра биле исклучени со црвени картони, а делегатот на мечот, според клубот, не реагирал на ситуацијата. По завршувањето на средбата, тренерот Караџа, заедно со официјалниот претставник и делегатот, поднел жалба, но не сакал дополнително да го ескалира случајот.
Набргу потоа, како што наведува клубот, дошло до влошување на здравствената состојба на Караџа, на кого му се слошило пред локален ресторан. И покрај интервенцијата на итната помош и обидите на лекарите во зеничката болница, тој починал на одделот за интензивна нега. Од Искра тврдат дека психолошкиот притисок и провокациите од страна на судиите го довеле тренерот до силен стрес кој завршил трагично, нарекувајќи го Караџа „човек кој живееше за ракометот, за Искра и за своите играчи“.
Клубот преку соопштението упати повик до ракометните институции во БиХ, барајќи „фер и рамноправен третман за сите клубови“, како и отстранување на судии „кои не се подготвени психички, морално и човечки за водење натпревари“.
„Бараме правда за нашиот тренер, поранешен играч и пријател Еки“, стои во пораката на клубот.
На крајот, Искра им се заблагодари на клубовите Челик Зеница и Челик Јуниор за поддршката во тешките моменти, како и на итната помош и медицинскиот тим на Зеничката болница за обидите да го спасат животот на нивниот тренер.