АБА 2 останува без хрватски претставник, српски клуб ќе ја смени Цибона

Раководството на АБА лигата не губеше многу време и за само еден ден најде замена за Цибона која вчера го откажа своето учество во втората лига.

Местото ќе го пополни српскиот клуб Раднички Крагујевац кој експресно влегува во натпреварувањето. Прв противник ќе му биде ТФТ кого в среда ќе го пречека на домашен терен, во рамките на првото коло од регионалната лига. Ова значи дека АБА 2 ќе остане без ниедна хрватска екипа што не се случило досега во постоењето на ова натпреварување.

Раднички од 2010 до 2014 година беше редовен учесник во елитната дивизија во АБА, а најголемиот успех го оствари во 2013 година кога стигна до полуфиналето и таму доживеа минимален пораз од Црвена Звезда.