
Роналдо не игра, туку статира - вакви лоши бројки не му прилегаат ни на аматер
Така беше и синоќа на дуелот против Ирска кога Роналдо беше буквално спасен од Рубен Невеш бидејќи во спротивно, трагичар ќе беше фудбалерот на Ал Наср. Кристијано не постигна гол, не асистираше, немаше ниедно клучно додавање, само еднаш се најде во шанса и ја пропушти, имаше еден и тоа неуспешен обид за дриблинг, ги загуби сите три дуели и капак на се - промаши пенал. Имаше и шест шута, сите надвор од рамките на противничкиот гол.
За своето издание, Роналдо доби убедливо најлоша оценка во португалската репрезентација (6,4). На сето тоа, тој ги одигра сите 90 минути.