
Зидан проговори за својата иднина и израдува многумина!
Зидан имаше фантастични успеси со Реал Мадрид, но не отиде да се проба во некој друг клуб. Фудбалските фанови сакаат да го видат Зизу како тренер, но тој ги одбиваше сите понуди.
Французинот сега потврди дека ќе се врати на тренерската работа, а би сакал тоа да е како селектор на Франција.
„Сигурно се враќам на работата како главен тренер, тоа е мојот план“, рече Зидан.
„Мојата желба е да станам селектор на Франција еден ден... ајде да видиме“.
Дидие Дешан ќе го напушти кормилото на Франција по крајот на Светското првенство, па можеме токму Зидан ќе биде неговиот наследник.