
Гатузо веќе испишува историја во италијанската репрезентација!
Џенаро Гатузо има најефикасен старт како селектор од сите досегашни предводници на италијанската репрезентација.
Под негово водство Италијанците во првите три натпревари дадоа дури 13 голови. Ја победија Естонија со 5-0 дома, па го совладаа Израел со 5-4, синоќа уште еднаш им земаа мерка на Естонците, овојпат со 3-1.
Ниту еден друг селектор на Италија не успеал да да биде толку ефикасен на првите три средби.
Италија нема да може да се пласира на првото место во групата, таа позиција ќе биде за Норвешка, па Гатузо ќе мора преку баражот да ја однесе репрезентацијата на Мундијалот. А таму една од пречките може да му биде и Македонија.