
Драма во авионот со репрезентација по голем триумф – пукнало стакло кај пилотите!
Инцидентот се случил на враќање од Јужна Африка, каде „супер орлите“ славеа над Лесото (2-1) во квалификациите за Светското првенство. Летот од ЈАР кон Нигерија имал планирано слетување во Луанда (Ангола) за дополнување гориво. По полетувањето од таму, пилотите забележале пукнатина на ветробранското стакло и веднаш побарале дозвола за итно слетување. Авионoт безбедно се вратил во Луанда, каде сите патници поминале без повреди. Авиокомпанијата што го организирала чартер летот испратила замена, па репрезентацијата по неколку часа продолжила и безбедно пристигнала во Нигерија.
По драматичното и одложено патување, останува да се види дали тоа ќе остави последици врз подготовкитем со оглед што Нигерија во вторник ја очекува клучен натпревар против водечкиот Бенин, кој има 17 бодови — три повеќе и подобра гол-разлика од Нигеријците. „Супер орлите“ во моментов се трети, зад Јужна Африка (15 бодови), која во последното коло ќе ја пречека Руанда, па исходот во групата останува целосно неизвесен. Пласман на СП обезбедува најдобриот од секоја група, како и четирите од деветте селекции што ќе завршат како второпласирани.