
Сериозен тренер: Веќе се знае кој ќе го наследи Пикси на клупата на Србија!
Тој пред само три дена доби отказ од шпанскиот прволигаш Реал Овиедо, со кој минатата сезона обезбеди пласман во Примера. Новата сезона ја почна со две победи и шест порази во осум кола, поради што клубот се наоѓа на 17. место со шест бода. Во 22 натпревари на клупата на Овиедо забележа 11 победи, четири ремија и седум порази. Во својата досегашна тренерска кариера Пауновиќ ги водеше Чикаго Фајр, Рединг, Тигрес и Чивас. Најголемиот успех го постигна како селектор на младата репрезентација на Србија (U-20), со која во 2015 година триумфира на Светското првенство.
Неговата нова задача ќе биде исклучително тешка – Србија се наоѓа зад Албанија, која има четири бода повеќе и натпревар повеќе. Српските навивачи се разочарани по низата слаби резултати, вклучително и убедливиот пораз од Англија во Белград, а селекцијата ќе мора да се надева на кикс на Албанците за да се врати во борба за второто место во групата.
ФОТО: EPA PHOTO