Осогово им оддаде специјални признанија на Јованоски и на Тренчев

Пред мечот со струмичка Беласица, на стадионот "Никола Мантов" имаше мала свеченост, дарувани беа фудбалери кои дадоа голем придонес за Осогово во минатите сезони. 

Управата на кочанскиот второлигаш пред натпреварот им оддаде признание на голманот Ѓорѓи Јованоски и на левиот бек Стојанче Тренчев по повод значајниот јубилеј "Одиграни 100 првенствени натпревари за ГФК Осогово".
 
Челните луѓе на Осогово најавуваат дека одбележувањето на вакви јубилеи ќе стане редовна пракса за ангажманот и лојалноста на фудбалерите.
 
 
Осогово вчера направи големо изненадување, славеше со 3-1 против еден од кандидатите за пласман во Првата лига и покажа дека Кочани оваа сезона нема да стравува за второлигашки от статус на клубот, нешто што постојано се случуваше во минатите сезони.