
Турскиот селектор им се извини на навивачите на Бугарија за шесте гола среде Софија!
Во второто полувреме, турската репрезентација постигна пет гола, покажувајќи тотална доминација на теренот. Сепак, прославата по последниот погодок и по завршувањето на мечот беше оценета како претерана, поради што Монтела јавно упати извинување.
„По првото полувреме направивме неколку корекции во соблекувалната и тоа донесе резултат. По голот за 6-1 се израдувавме малку повеќе од што требаше. Сакам да им кажам на бугарските навивачи – ‘извинете’. За нас беше многу важно да дадеме шест гола, затоа што со тоа ја израмнивме гол-разликата со Грузија“, изјави италијанскиот стратег по натпреварот.
Со овој триумф, Турција се искачи на второто место во групата Е со шест бода и гол-разлика 9-9, заедно со Грузија (5-5), која во истото коло загуби од Шпанија (0-2). Во следното коло токму Турција и Грузија ќе се соочат меѓусебно, додека Бугарија ќе гостува кај Шпанија во Ваљадолид.
ФОТО: EPA PHOTO