Главоболки за Алонсо: Двајца клучни играчи на Реал се повредија!

Репрезентативната пауза носи лоши вести за Реал Мадрид, Килијан Мбапе и Франко Масантуоно заработија повреди.

Мбапе даде гол, а имаше и асистенција во победата на Франција над Азербејџан од 3-0, но во 83. минута поради повреда го напушти теренот.

Се работи за повреда на зглобот и нејасно е колку време ќе биде надвор од теренот.

„Се работи за истиот зглоб каде што беше повреден. Болката се намалува кога одмара. Во мечот контактите се неизбежни. Ќе видиме како е, има непријатност која не е добра за него“, објасни селекторот Дешам.

Аргентинецот кој речиси постојано е во стартниот тим на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно заработи мускулно истегнување.

Тој ќе се врати во Мадрид, по што ќе се види за колку тешка повреда се работи и колку долго ќе биде надвор од теренот.