Велс распарчен на „Вембли“ пред дербито против Белгија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Велс одиграа пријателски меч против Англија на „Вембли“, но беа декласирани од нивниот ривал и загубија со убедливи 0-3.

Мечот беше решен по само 20 минути игра бидејќи Англија водеше со 3-0 со головите на Роџерс, Воткинс и Сака.

Победата на „Гордиот Албион“ можеше да биде уште повисока, но Англичаните не искористија уште неколку добри шанси, додека Велс не изгледаше воопшто добро на теренот.

Велс покажа знаци на слабост и тоа воопшто не е добро за нив бидејќи за три дена го играат дербито против Белгија во битката за една од првите две позиции во групата во која се наоѓа и Македонија.

Македонија е прва во моментов во групата со 11 бодови, додека по 10 имаат Белгија и Велс.


Фото: FA Wales