Легендарен Хрват е нов кандидат за тренер на Миовски

Изминатите денови, Стивен Џерард се споменуваше како можен кандидат за нов тренер на Ренџерс кој се раздели со Расел Мартин по очајниот старт на сезоната, а сега е појави и нов кандидат

Ренџерс во првите седум кола има само една победа и тоа е катастрофален учинок за еден таков гигант, не се памети кога последен пат имале толку слаб старт.
Доказ за лошата форма беше и дебаклот во двомечот со Клуб Бриж кој го загубија со вкупни 9-1.

Очекувано, цената на таквите резултати ја плати, тренерот Мартин и клубот во текот на репрезентативната пауза ќе назначи негов наследник.

По Џерард кој се споменуваше како главен фаворит, сега како опција се споменува и Славен Билиќ. Легендарниот Хрват исто така е без ангажман, а неодамна се поврзуваше со враќање во Вест хем, но сепак тие најави не се остварија.

Фото: Rangers FC