
За сите навивачи кои ќе бидат во Белгија: Ќе има македонска фан-зона!
Местото на собирот ќе биде Коренмаркт, Гент, а фан-зоната ќе биде отворена од 11 часот од каде што навивачите ќе се упаатат кон автобусите.
Исто така се наведува дека е организиран и превоз од фан-зоната до стадионот и назад. Автобусите кон стадионот ќе тргнат во 18:15 часот. На флаерот преку QR-кодот може да се види и точната локација.
Македонија на натпреварот во Гент ќе има поддршка од речиси 1.000 навивачи. Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот.